„Се надевам дека согласно конструктивната дискусија, ќе бидете добар лидер на ВМРО-ДПМНЕ“, му кажа Заев на довчерашниот министер за надворешни работи Никола Попоски.

Попоски имаше збор меѓу последните дискутанти и кажа дека ќе бидат конструктивна опозиција.
„Очекуваме резултати какви што ветивте. Сакам да ви порачам дека ќе бидеме тука за предлози и сугестии за подобро општество. Но, нема да бидеме тука за темните страни. Сега покажавте дека сте склон кон закани, за секој кој не мисли како вас. Јас сметам дека ова е момент на тест и за тоа како ќе се однесувате во иднина, а јас сакам да се однесувате поинаку“, рече Попоски од собраниската говорница.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата која Поповски ја свика за да даде отчет, за сработеното,дали ќе го наследи Груевски, тој рече дека тоа се рече дека „тоа се главно политички мотивирани информации или шпекулации, со цел да се создаде слика на едно неединство во партијата“