Заев учествуваше на Мониторинг комисијата на Советот на Европа

од Vladimir Zorba
65 прегледи

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска на покана на Мониторинг комисијата на Советот на Европа учествуваше на состанокот на Комисијата кој се одржува во Тирана, Албанија.img-20160922-wa0004

На состанокот, како што соопшти СДСМ, се разговорало за најновиот развој на настаните и степенот на спроведување на договорот од Пржино.img-20160922-wa0011

Во рамките на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија, кој се одвива во рамките на Советот на Европа, Заев, како што информираат од СДСМ, ги искажал своите видувања за побрзо и полесно надминување на политичката криза во Република Македонија.