Претседателот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев, попладнево е во работна посета на Охридско-струшкиот регион, пренесе Охридњус.
Тој најпрвин се сретнал со членовите на локалното раководство во Охрид на кафе во центарот на градот, а во моментов е во посета на огранокот на Струга.
Според најавите Заев вечерва ќе го посети кампот на младите социјалдемократи што се одржува во хотелот „Десарет“, каде се очекува да има свое обраќање.
Фото – Охридњус
![1[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/07/11-540x302.jpg)
![3[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/07/31-540x303.jpg)
![2[1]](http://libertas.mk/wp-content/uploads/2015/07/21-540x303.jpg)