Заев: За Јанкулоска и Ставрески, Орав е копиљ, сељак и исфрустриран

од Vladimir Zorba
78 прегледи

На денешната прес конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави снимки, од како што рече разговор меѓу министрите за внатрешни работи и финансии, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

oravPuc

Во снимката, за која Заев вели дека говори Ставревски, министерот кажува дека добил порака од премиерот Никола Груевски во која тој нарачува кредит од 700 милиони евра.

„Забегана порака. Ми се смачи од вакви пораки, не може да вреѓа некого. Ми идеше телефонот да му го акнам од глава. Ми пишува јаките експерти Миле и Владо заклучиле дека нешто не е во ред“, се вели во снимката која ја објави Заев.

Заев посочи дека Јанкуловска на Ставревски му кажува дека разговарала со Аиво Орав, кој вели, на снимката дека големи глупости правеле.

„Орав копиљот одма тужел нешто. Тоа се корумпурани копилиња таму“ се вели во разговорот.

Според Заев, на снимката Јанкуловска вели дека Орав бил исфрустриран и сељак