Премиерот на Република Македонија и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска од Арачиново на сите муслимански верници им го честита празникот Курбан Бајрам, порачувајќи дека денешниот празник треба да ги сплотува сите и оти неговите заложби се создавање на толерантно општество.
„Сакаме да создаваме држава во која културите ќе се надополнуваат и ќе се зближуваат. Во Арачиново дојдов да ги потврдам вредностите. Ќе создадеме еднакви права за сите. Заедно пишуваме историја. Прв Македонец сум што се бори за правата на Албанците, но и на Македонците“, рече Заев најавувајќи изградба на канализација, воводод и конечно решавање на проблематичниот канал во Арачиново./АласатМ