Загина едно лице: Уапсен тинејџерот кој пукаше во трговски центар во Малме

од Берта Китинска
180 прегледи

Шведската полиција уапси тинејџер осомничен дека вчера убил едно лице, а ранил друго во пукотница во трговски центар во Малме.

Повредениот од здобиените повреди починал, додека жената е хоспитализирана, соопшти полицијата.

„Нема непосредна опасност за граѓаните. Во овој момент се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното милје“, се наведува во полицискиот извештај.

Убиствата во судирите меѓу кланови и банди неодамна се во пораст во Шведска и стануваат една од главните грижи на гласачите пред претстојните избори. Годинава во Шведска се убиени 44 лица, а речиси сите се поврзани со криминал, соопшти полицијата. Минатата година во Шведска имаше 46 убиства.

Слични содржини