Загина градежен работник од Боговиње, кривична за сопственикот на фирмата

од Nikola Popovski
357 прегледи

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 44-годишниот Х.Р, сопственик на фирма од тетовско Боговиње, поради сомнение за сторено кривично дело предизвикување опасност при градежни работи.

Како што информираат од МВР, на 15 февруари годинава, додека Ј.С.(34) и С.И.(32) од Боговиње, заедно со уште три лица, сите вработени во фирмата на пријавениот, изведувале градежни работи на автопатот Тетово – Гостивар, при истовар на гранитни плочи една палета се завртела при што 34-годишникот од здобиените повреди починал на самото место, додека С.И. се здобил со тешки повреди.

Слични содржини