Загина маж во сообраќајка во струмичко

од Берта Китинска
288 прегледи

Вчера во 07.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Дабиље –с.Петралинци, струмичко, во близина на крстосницата за с.Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.В.(31) од с.Дабиље и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Д.(48) од с.Петралинци информираат од МВР.

На местото на незгодата починал возачот И.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Слични содржини