Загина полски градоначалник: Паднал од балкон на хотел во Сардинија

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Полски градоначалник почина откако падна од прозорец на четврти кат на хотел во Сардинија, Италија, јави денеска АНСА.

Како што пренесува италијанската агенција, 44-годишниот градоначалник престојувал со својата делегација на Сардинија во низа официјални посети.

Несреќата се случила ноќта меѓу понеделникот и вторникот, околу два часот во хотелот „Ду Колоње“ во историскиот центар на градот.

Според полицискиот извештај, градоначалникот бил во собата со колега и изгубил рамнотежа додека седел на прозорецот и паднал од височина поголема од десет метри.

Полициските службеници ја отфрлија можноста за напад, велејќи дека падот бил резултат на несреќа.

Идентитетот на жртвата не е соопштен.

Слични содржини