Списокот на мистериозна смрт на руски бизнисмени се шири. Извршниот директор на Корпорацијата за развој на Далечниот Исток и Арктикот, Иван Печорин, наводно паднал од брод со полна брзина во саботата и загинал во близина на островот Руски во Јапонското Море, пишува „Newsweek“.
Печорин имал 39 години, а работел на „модернизација на авијацијата и бил човек на Путин за истражување и развој на Арктикот“, пишува рускиот медиум „Комсомолскаја Правда“.
Неговиот последен јавен настап беше на Источниот економски форум, кој се одржа од 5 до 8 септември во Владивосток, пренесува Телеграм.
Овој случај потсетува на неодамнешната смрт на нафтениот тајкун и директор на Лукоил, Равил Маганов, кој почина на почетокот на септември откако падна од прозорецот на болницата во Москва. Тоа го изјави за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата. Тогаш Лукоил објави дека Маганов починал од „тешка болест“.
Таа компанија е најголемиот приватен производител на нафта во земјата, а во март отворено ја критикуваше инвазијата на Владимир Путин на Украина. Во соопштението до акционерите, одборот на директори на Лукоил изрази „најдлабока загриженост за трагичните настани во Украина“.
Во јули, пак, беше пронајдено телото на рускиот тајкун Јуриј Воронов, поврзан со енергетскиот гигант Газрпом.