Десет лица загинаа, а 45 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во близина на Славонски Брод, кога автобус со косовски регистарски ознаки излета надвор од автопатот, пренесува Индекс.хр
„За време на истрагата, полицијата утврди дека станува збор за автобус со косовска регистарски ознаки и дека според моментално достапните информации, 10 лица загинаа во сообраќајна несреќа “, информираат од хрватската полција.
Директорот на бродската болница Јосип Самарџиќ изјави дека од утрово во болницата се примени 45 лица, кои побараа лекарска помош по тешката несреќа на автопатот кај Славонски Брод, а осуммина се тешко повредени.
“Со голема тага ја примивме веста за автобус кој излета од патот кај Славонски Брод, во кој животот го загубија 10 лица. Мислиме на семејствата на жртвите и на косовските власти и луѓе, на кои им изразуваме длабоко сочувство. “, напиша хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Твитер.
ФОТО: Фејсбук/24sata