235
Двајца турски војници загинаа денеска, а тројца се ранети во напад во сириската провинција Идлиб, соопштија турските власти.
Нападот врз турските војници е извршен по операцијата за пребарување на теренот во таканаречената зона за деескалација во Идлиб, објави Министерството за одбрана на Турција.
Идлиб е последното големо упориште на бунтовниците во сириската граѓанска војна, а делови од таа провинција се контролирани од турски и руски војници.
Сириската опсерваторија за човекови права изјави дека конвој турски војници бил бомбардиран на патот од градот Идлиб кон Биниш.
Според Опсерваторијата, одговорноста за нападот ја презела екстремистичката група поддржувачи на Абу Бакр Ал-Сидик, кои претходно нападнале турски војници.