Загинати странци во нападот на Хамас

од Radmila Tasevska
385 прегледи

Најмалку седум Британци, 24 Французи и неколку Германци се убиени во нападот на Хамас врз Израел, според официјалните податоци.

– Најмалку седум Британци се убиени, а најмалку девет се водат како исчезнати откако палестинската група Хамас изврши напад врз Израел, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак.

„Можам со жалење да потврдам дека најмалку седум британски државјани трагично ги загубија животите. Уште девет Британци се водат за исчезнати, а некои од нив се стравува дека се меѓу загинатите“, рече портпаролот.

Бројот на француски државјани убиени во нападот на Хамас врз Израел се искачи на 24, изјави француската премиерка Елизабет Борн.

„Едноцифрен број германски државјани има меѓу загинатите во невидениот напад на Хамас против Израел, соопшти денеска портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, без да даде повеќе детали.

Портпаролот рече дека германското Министерство за надворешни работи е во близок контакт со израелските власти. „Германската влада само ги потврдува смртните случаи кога роднините се информирани“, додаде тој.

Според него, ппостои и постојана размена на информации со партнерите во регионот за да им се овозможи на луѓето кои сакаат да го напуштат Израел да го сторат тоа.

Се верува дека германските државјани се меѓу речиси 200-те луѓе заробени од борците на Хамас за кои се верува дека се држени како заложници во Газа, јави ДПА.

Германските лидери, вклучително и канцеларот Олаф Шолц, изразија солидарност со Израел по нападите на Хамас и ветија дека ќе продолжат да работат за ослободување на заложниците.

Слични содржини