266
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски вечерва информира дека е на терен заедно со екипите на ЈКП Гази Баба и екипите на јавните претпријатија на Град Скопје каде што се санираат последиците настанати од големото невреме кое го зафати Скопје.
Според него, заглавено е едно возило под подвозникот кај Бриколаж и се работи интензивно на негово извлекување.
-Граѓаните да бидат спокојни. Јас и целиот кризен штаб од општината остануваме на терен до целосно расчистување на последиците од невремето, вели Стефковски.