Човек од Загреб седум години не дошол на работа. Деновиве е одлучено тој на работодавецот да мора да му плати отштета од вкупно 137.000 евра, јавува Даница.хр.
Мажот бил вработен како мајстор во дом за деца во Загреб. Бидејќи домот не бил задоволен од неговата работа, постојано го предупредувале за тоа и барале да се промени. Меѓутоа, наместо да се поправи, работникот ја тужел институцијата каде што работел, тврдејќи дека бил малтретиран и дискриминиран.
Тоа се случило уште во ноември 2012 година. После тоа престанал да доаѓа на работа, а работодавецот му ја исплаќал целата плата седум години, до декември 2019 година.
„За време на прекинот на работата, бидејќи тоа е законска обврска, од домот за деца редовно му исплаќале плата во висина што ќе му важи доколку работи. Во тој период Домот на човекот му исплатил вкупно 897.705,03 куни на име бруто плата, подароци за вработени и јубилејни награди“, се вели во пресудата.
На крајот, работникот не успеал да „докаже дека работодавачот го вознемирувал врз основа на полот, го дискриминирал, го омаловажувал, ја потценил неговата работа и му го нарушил правото на достоинство на различни начини наведени во предметната тужба.