Загриженост во кралското семејство: Принцот Вилијам не е добро

од Stefanija Kuzmanovska
471 прегледи

Иако ги извршуваат своите кралски должности во јавност и изгледаат смирено, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам доживуваат вистинска драма во нивниот дом, пишува списанието „Глоуб“.

Војвотката од Кембриџ, наводно, е многу загрижена за нејзиниот сопруг кој се бори со физички и ментални проблеми и го моли да побара стручна психолошка помош.

Вилијам, наводно, „пука“ под товарот на стрес со кој мораше да се справи минатата година, од заминувањето на Хари од семејството и срамот кој принцот Ендру го фрли на кралското семејство со неговиот пријателски однос со Џефри Епштајн, кој водеше проституција на малолетни девојки, па до најлошата вест која ја дозна- дека страда од редок и тешко излечлив вид карцином.

Веќе подолго време живее со многу малку сон и станува сè послаб 

Кејт е очајна од грижа, бидејќи не сака да остане без сопругот и таткото на нивните три деца, откри извор близок до кралското семејство. Покрај тоа што го убедува да се обрати до професионалци за помош, Кејт постојано го потсетува Вилијам дека не треба да ги сфаќа работите толку сериозно. Но, тој совет за него не е лесен за да го примени во пракса.

„Вилијам е на чекор од работ. Тој веќе подолго време живее со многу малку сон и станува сè послаб и послаб. Тој веќе речиси и да нема апетит“, рекол изворот.

Тој објасни како принцот бил буквално „изеден од неговите чувства и горчината што ја чувствува кон Хари и чичко му Ендру“.

Слични содржини