Бритни Спирс ги шокираше фановите со нова објава на Инстаграм. По веста дека таа и нејзиниот сопруг Сем Асгари се разведуваат, пејачката уживаше во друштво на непознати мажи кои ѝ се „пријатели“, а она што го правеше ги остави нејзините следбеници без зборови.
Бритни објави видео на кое четворица мажи ја држат додека позира пред камерата, а потоа одеднаш почнува да танцува пред камерата, што е веќе стандардна сцена. После тоа, еден од пријателите клекнал на подот и почнал да ѝ ја лиже ногата од чизмата нагоре, а оваа сцена ги оставила сите без зборови.
Многумина се прашуваат зошто пејачката се уште не побарала стручна помош, која, судејќи по објавите, ѝ е потребна.
Пред тоа, гола се тркалаше во кревет и ги криеше градите со рацете и чаршафот.
Да потсетиме, Сем Асгари поднесе барање за развод од Бритни минатата недела, неколку часа откако се појавија првите гласини за крајот на бракот. Причината наводно е неверството на Бритни, по што следела жестока расправија меѓу парот
Како што откриваат извори блиски до парот за ТМЗ, Сем наводно често им се жалел дека Бритни физички го повредувала во текот на нивните 7 години заедно. Често имало физички пресметки, во кои морало да се вмеша и обезбедувањето.