Некогаш мислиме дека скршеното срце е најголемата болка што може да ни се случи, но сепак има нешто поболно од тоа – да згасне пријателство кое долго траело.
Разделбата со пријател може да биде навистина болна, дури и се чувствуваме како некој близок да ни починал. Се сеќаваме на сите прекрасни заеднички моменти, а многу е веројатно дека ниту еден од тие настани немаат шанса за реприза.
Сепак, не треба да се обесхрабруваме. Сите нешта се случуваат со причина. Дури и кога најмногу нè боли, треба да најдеме сила сето тоа да го преживееме. Да, навистина е тешко, особено кога се освестуваме дека немаме некој кој сме мислеле дека ќе биде покрај нас засекогаш.
Уште повеќе боли кога гледаме како нашиот некогашен пријател е успешен, а не го споделува тоа со вас, бидејќи веќе нема ништо од она што некогаш било.
Но, што може да се направи повеќе од тоа да им се посака сета среќа на светот и на оние кои уште се со нас и на оние кои поради одредена причина се оддалечиле.