81
Американската компанија „Боинг“ ќе ја намали работната сила за десет проценти – за околу 17.000 луѓе, додека загубите на компанијата се зголемуваат, а штрајкот со кој е прекината работата во оваа фабрика за авиони, влегува во петтата недела.
Американската компанија нема да го испорача својот сè уште несертификуван авион со широко тело 777X до 2026 година, со што ќе се доведе во прашање планот кој веќе заостанува шест години, пренесува CNBC.
Во август, „Боинг“ го прекина тестирањето на овој модел на авион кога откри структурно оштетување на еден од нив.