Несреќата на товарниот брод со околу 4.000 возила на групацијата Volkswagen, кој се запали минатата недела во Атлантикот, може да го чини производителот на автомобили најмалку 155 милиони долари, според компанија за пресметување на ризик, пишува „Блумберг“.
Вкупната вредност на стоката на Felicity Ace е приближно 438 милиони долари. Минатата недела товарен брод се запали во близина на брегот на португалските Азорски острови.
Russell Group проценува дека на него биле транспортирани автомобили во вредност од 401 милион долари. На бродот имало модели на Volkswagen, Porsche, Audi, Bentley и Lamborghini.
Од компанијата проценуваат дека производителите на автомобили, без VW, можеби изгубиле околу 246 милиони долари.
Портпаролот на BMW изјави дека на бродот немало возила на компанијата, а Mercedes-Benz AG изјави дека не знае кои од нејзините возила се во него.
Бродот е со големина на три фудбалски игралишта. Во моментот на пожарот тој патувал кон пристаништето на Род Ајленд, од германското пристаниште Емден.