Захаериева: Најголемата манипулација доаѓа од Скопје, каде велат дека им е ускратено правото на самоопределување

337 прегледи

Што се однесува  до шефицата на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захаериева, ако нашата земја оствари договор со Бугарија, нашиот сосед може да даде зелено светло и пет дена пред изборите.

„Имаме многу јасен став. Сакам да потенцирам дека тоа нема никаква врска со изборите. Ако постигнеме договор пет дена пред изборите, Бугарија може да ја одобри Рамката за преговори на РС Македонија за почеток на претпристапните преговори“, ја пренесе вчера БГНЕС изјавата на Захариева за бугарска „Нова ТВ.

Захариева посочи дека најважно е спроведувањето на Договорот за добрососедство и пријателство, што беше потпишан во август 2017 година.

„Најголемата манипулација што доаѓа од Скопје е дека им го ускратуваме правото на самоопределување. Ние не им го негираме ниту на бугарските граѓани правото да се самоопределат, а не пак да им го ускратуваме тоа на странските граѓани“, вели Захариева.

„Имаме интерес РС Македонија да започне преговори, но не можеме да замижуваме на заштитата на националните интереси. Имаме многу точки со неисполнување на Договорот, дополни таа и повика да се намалат емоциите и да не се зборува преку медиуми“, додаде таа.

Бугарскиот вицепремиер пак и истовремено министер за одбрана Красимир Каракачанов,  за Бугарската национална телевизија – БНТ посочи дека Бугарија настојува С. Македонија да го спроведе потпишаниот Договор за соработка, добрососедство и пријателство.

„Бугарија е државата која отсекогаш и помагала на Македонија. Ние први ги признавме, им помогнавме финансиски, ги помагавме и воено за време на југословенското ембарго. Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри“, посочи вчера Каракачанов, кој е и лидер на партијата ВМРО – Бугарско национално движење ВМРО-БНД.

Како што јави БГНЕС, според него, како и во целата своја 125-годишна историја, така и сега, партијата ВМРО „ја брани бугарштината“. – Важно е да прекинеме со практикувањето на говорот на омраза, додаде Каракачанов.

 

Слични содржини