„Добрососедските односи не се измислени од Бугарија и ова е основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме“, изјавила бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за БГНЕС.
„Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат“,вели Захариева и додаде: „Ние инсистираме на добрососедство, кој не е критериум за членство што го измисли Бугарија, туку е европски и треба да се набљудува во рамките на преговарачката рамка“.
„Повеќепати повикувавме на враќање на спроведувањето на договорот. Веќе има контакти меѓу членовите на Комисиите за историски прашања. Нивната работа беше суспендирана пред една година откако Скопје ги прекина преговорите“, рекла шефицата на бугарската дипломатија.
На прашањето за одржувањето на првата меѓувладина конференција за почетокот на преговори темеѓу С.Македонија и ЕУ, Захариева изјави: „Сè уште сме во процес на дискутирање на рамката за преговори во европските работни групи, таа дури не го достигнала нивото на амбасадори“.
Таа очекува нејзиниот колега Бујар Османи да ја посети Бугарија следната недела.
Според неа, никој не може да ја предаде својата историја, туку поентата е да не ја предадеме нашата иднина.
„Историјата мора да се препознае како што е. Тука не станува збор за илјадници години, има доволно пишани автентични историски извори“, оцени бугарската министерка за надворешни работи.