„Ние сакаме Скопје да се придржува до договорот, да не се обидува да го одложува неговото спроведување, да го запре – нешто што не се случува за прв пат. Договорот ги има сите гаранции дека ќе ги надминеме контроверзните прашања. Речиси веднаш штом станат член НАТО започна чекор по чекор одложување во спроведувањето на еден или друг дел од него. Тие дојдоа до еднострано прекинување на работата на комисијата. Не само што не се презема ништо за спречување на говорот на омраза, туку ескалира. Имаме голем број сигнали од бугарскиот бизнис дека се создаваат непотребни административни пречки. Ова се случаи уште од 2019 година“, изјави синоќа заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за програмата „Панорама“ на „БНТ“.
„Ние долго време ја објаснувавме нашата позиција, нашите амбасадори ја објаснија во сите метрополи. Лажната поддршка започна од политичарите од Северна Македонија уште минатата година со обид да ја дискредитираат Бугарија. Тие се обидуваат да избегаат од формулацијата „заедничка историја“, што е многу јасно напишана во договорот. Тие тврдат дека се обидуваме да им го одземеме правото на самоопределување, но тие го потпишаа овој документ. За жал, лажните вести се полесни за објавување отколку вистинските вести“, рече Захариева.
„Нашата поддршка никогаш не била безусловна. Но, повеќето земји не сакаат билатералните прашања да бидат дел од преговарачката рамка. Да потсетиме и за Грција – ниедна друга земја-членка не ги разбра“, рече Захариева.
Таа истакна: „Ова не е вето, како што се обидуваат да го претстават, ова е „не“ на Бугарија за преговорачката рамка. Скопје се потпираше на тоа некој да ни изврши притисок – Вашингтон или Берлин, да ја искара Бугарија и таа ќе го заборави својот национален интерес и ќе каже „да“ без тие да сторат ништо. Тоа нема да се случи“.
„Нашата поддршка никогаш не била безусловна. Не сум убедена дека тие разбираат каде е проблемот на Бугарија. Само што повеќето земји не сакаат билатералните прашања да бидат дел од рамката за преговори. Ние сакаме некои јасни гаранции во рамката на преговорите. Една кандидат членка мора да ги исполнува своите договори. Таа не може да биде подготвена кога ќе го сака нашето „да“ и потоа заборава дека тоа постои“, додаде Захариева.