170
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека говорот на американскиот претседател Џо Бајден пред Генералното собрание на ОН е „апсолутен инцидент“.
Во своето обраќање Захарова го обвини американскиот лидер дека лажно го цитирал претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, пренесува РИА.
„Тоа е апсолутно пропаганда која ѝ се наметнува на јавноста, на јавното мислење, спротивно на она што всушност беше кажано“, посочува Захарова.