Захарова бара Ратко Младиќ да биде пуштен на слобода

од Nikola Popovski
263 прегледи

Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, денеска изјави дека воените злосторник и осуденик во Хаг, Ратко Младиќ треба да биде ослободен поради здравствени причини.

Здравствената состојба на Младиќ, која и онака беше лоша поради бројни болести, минатата недела се влоши поради пневмонија, вода во белите дробови и проблеми со срцето.

„Ја видовме веста за хоспитализацијата на Ратко Младиќ во Хаг, која настана поради нагло влошување на неговата здравствена состојба“, ги објавија зборовите на Марија Захарова од руското Министерство за надворешни работи.

„Сметаме дека би била правилна одлука на Резидуалниот механизам да го ослободи Ратко Младиќ од хуманитарни причини“, додава Захарова.

Синот на генералот Ратко Младиќ, Дарко, вчера проговори за дезинформациите за смртта на неговиот татко на социјалните мрежи и рече дека тоа е измислица.

„Ратко Младиќ е жив, состојбата му е иста како вчера, ниту подобра ниту полоша“, изјави Дарко Младиќ. Тој објасни дека се уште не се знае дали и кога тим од српски лекари ќе го прегледаат генералот Младиќ, кој поради лошата здравствена состојба не може ниту да зборува.

Слични содржини