Русија ги повикува меѓународните организации веднаш да ѝ наредат на Украина да престане со убиствата на цивилите кои Киев ги обвинува дека соработуваат со Москва, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Бараме меѓународните организации да го искористат своето влијание врз Киев и да го запрат масакрот на цивилите. Тоа мора веднаш да престане“, рече Захарова на прес-конференција, а пренесе ТАСС.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи ги повикува земјите-членки на Обединетите нации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и другите важни организации да извршат притисок врз Владата на Киев да преземе ефективни мерки за спречување на хуманитарни последици за цивилното население.