148
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро ја критикуваше политиката што ја водат земјите од НАТО и САД.
Захарова ја издвои Германија како една од земјите кои се директно одговорни за конфликтите во Украина.
„Сето ова немаше да се случи ако САД и земјите од НАТО, пред се Германија, не го сменеа режимот во Украина, не донесоа марионети политичари, боксери не претвореа во градоначалници, а комичарите во претседатели“, накратко рече Захарова.