Захарова: Доколку странски сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова предупреди дека распоредувањето на странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.

„Кремљ ќе го смета доаѓањето на странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна таа. Таа додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.

Да потсетиме, како дел од напорите да се гарантира безбедноста на Украина по каков било потенцијален мировен договор, европските лидери предложија испраќање мировни сили во земјата. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат можноста.

Британските медиуми минатата недела објавија дека околу 20 земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на спремни, која би и пружила помош на Украина. Иницијативата за формирање „коалиција на волните“ доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.

Слични содржини