Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Соединетите Американски Држави ја „потпалуваат кризата“ во снабдувањето со гас во Европа, туркајќи ги европските лидери на фаталниот чекор да ја прекинат економската и енергетската соработка со Русија.
На прашањето на Ројтерс што треба да се случи за да почне повторно да работи гасоводот Северен тек 1, Захарова истакна дека тоа е прашање на кое дури и децата го знаат одговорот, а тоа е дека тие што го започнале мора и да го завршат. .
„Влијанието на Вашингтон во Европа преовлада“, истакна Захарова на маргините на Источноевропскиот економски форум во Владивосток.
Сад и ЕУ ја обвинија Русија за енергетска уцена откако Москва ги намали испораките на гас за Европа.
Европа се соочува со најголемата криза во снабдувањето со гас досега, зголемување на цените на енергијата, а Германија размислува да ја ограничи потрошувачката.
Русија објави дека има технички проблеми со гасоводот Северен тек 1.