152
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска оцени дека одлуката за испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина е потврда за вмешаноста на Германија во „однапред испланирана војна против Русија“.
Како што напиша таа на својот профил на „Телеграм“, ако се додадат изјавите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Западот ја зајакнал Украина и не обрнал внимание на договорите од Минск, тогаш тоа е „предпланирана војна против Русија“.
„Не кажувајте подоцна дека не сте слушнале за тоа“, рече Захарова.