САД и НАТО создадоа уште една меѓународна ќелија – режимот во Киев, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на својот канал Телеграм. Така таа ги коментираше информациите за експлозијата на автомобилот на писателот Захар Прилепин.
„Фактот се оствари: Вашингтон и НАТО нахранија уште една меѓународна терористичка ќелија – режимот во Киев. Бин Ладен, ИСИС, сега Зеленски. Директна одговорност на САД и Британија“, напиша таа и додаде дека се моли за Прилепин
Автомобилот на Прилепин е кренат во воздух на автопат во Нижни Новгород. Возачот загинал, а писателот е повреден. Според изворот на РИА Новости, тој има потрес на мозокот и скршеници.
⚡ Russian media: Pro-war Russian writer hospitalized after car explosion.
Russian writer Zakhar Prilepin, known for his pro-war views, is hospitalized after his car exploded in Nizhny Novgorod Oblast in what appears to be an assassination attempt, Russian media RBC reported. pic.twitter.com/vk5wjMVN4V
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 6, 2023
Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка. На местото на настанот излегле истражители и криминолози.
Песков: Не се знае кој е виновен
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така рече дека се уште не се знае кој е одговорен за кревањето во воздух автомобилот на писателот Захар Прилепин во Нижни Новгород и дека мора да се чекаат информации од органите на редот и мирот.
„Сè уште не е познато, ќе чекаме информации од органите на редот“, рече Песков на прашањето дали станува збор за обид на Украинци.