Захарова ги прашува Полјаците: Нема да се извините за антируската хистерија?

од Nikola Popovski
260 прегледи

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, праша дали полските власти ќе се извинат за антируската хистерија што следеше по падот на ракетата на полска територија.

– Претседателот на Полска рече дека падот на ракетата е „несреќен случај“. Дури вчера ја слушавме хистеријата на полските функционери и политичари. Дали полските институции кои си дозволија антируски испади и кои го повикаа рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, на полноќ ќе се извинат? – напиша Захарова на Телеграм.

Вечерта на 15 ноември полските медиуми објавија дека две ракети паднале на територијата на Полска во близина на границата со Украина.

Во инцидентот загинаа две лица.

После тоа, ноќта на 16 ноември, рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, итно бил повикан во Министерството за надворешни работи на Полска.

Како што беше соопштено, рускиот амбасадор бил примен од полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау и по тој повод „се одржал многу краток разговор“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека официјални лица на голем број западни земји, вклучително и Полска, реагирале хистерично на ракетниот инцидент без вистински информации за настанот, посочувајќи дека тоа е уште една жестока русофобна реакција.

Претседателот на Полска Анджеј Дуда изјави денеска дека постои голема веројатност ракетата што паднала на територијата на Полска да припаѓа на силите за воздушна одбрана на Украина.

Слични содржини