Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја осуди изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека Србија нема да стане членка на Европската унија доколку не ја признае независноста на Косово и доколку не се приклучи на санкциите врз Русија.
„Западот никогаш нема да ги исплати долговите кон Србите, но со заповеднички тон, Шолц му покажа на српскиот народ што и како да прави“, напишала Захарова на Фејсбук.
„Зар сте вие „пријатели“ на Србија? Белград се уште не му должи ништо на Брисел, напротив, Западот има долгови кон Србија кои никогаш нема да може да ги исплати. Но, тие веќе со заповеднички тон му укажуваат на српскиот народ што и како да прави. Што ќе се случи понатаму?“, праша Захарова, пренесува „Спутник“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со германскиот канцелар пренесе дека било побарано од Србија да се приклучи на санкциите кон Русија и што побрзо да го признае Косово и Метохија.