Захарова: Имаме право да возвратиме по протерувањето на дипломатите од Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека земјата го задржува правото да возврати со политички и дипломатски мерки по протерувањето на 70 руски дипломати и административен персонал од Бугарија.

Како што рече таа, ова е обид на бугарскиот парламент, кој ја загуби довербата, да им нанесе удар на односите со Русија и постоечките механизми на билатерален дијалог, пренесува „Интерфакс“.

Во меѓувреме, бугарскиот претседател Румен Радев не можеше да ја коментира ситуацијата, објави Бугарското национално радио.

„Не можам да разговарам за ова прашање бидејќи ги немам потребните информации“, рече Радев во Мадрид, каде што присуствува на самитот на НАТО, одговарајќи на прашање на бугарските новинари.

Тој додаде дека се надева оти премиерот во својот технички мандат ја донел оваа одлука врз основа на веродостојни информации и дека внимателно размислувал за обемот и последиците од тоа.

Бугарските власти вчера најавија дека таа земја треба да ја напуштат вкупно 70 дипломатски и административно-технички службеници на руската амбасада и други руски странски институции во земјата.

Слични содржини