92
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека противречностите во изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон може да бидат предизвикани од „промени во атмосферскиот притисок“.
„Ми се чини дека изјавите на Макрон зависат или од атмосферски притисок, или можеби од природни феномени – не знам. Можеби нешто му го расипува расположението. Ми се чини дека има некаква поврзаност со нешто, едноставно сè уште не е идентификувано“, рече Захарова во интервју за ТВ каналот „Москва 24“.
Според неа, Макрон прво зборувал за неговата подготвеност да преговара со Москва во име на ЕУ, а потоа понудил да ја заштити Европа од Русија со помош на француското нуклеарно оружје.