Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров денеска предупреди дека новинарите од западните земји ќе бидат протерани од Русија доколку YouTube го блокира пристапот до нејзините брифинзи.
Секоја недела Захарова одржува брифинзи за актуелни теми поврзани со надворешната политика на Русија, кои се емитуваат на YouTube и на други платформи, потсетува „Ројтерс“.