Коментирајќи го предлогот на американскиот Конгрес Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“, портпаролката на руското МНР Марија Захаров изјави дека Русија ќе одговори на сите мерки, вклучително и на, како што вели, идиотските, пренесе „Спутник“.
„Сите мерки што ќе ги преземе, дури и оние од идиотски карактер, ќе добијат свој развој и продолжение, а ние несомнено ќе одговориме на сè и тие треба да го разберат тоа“, рече Захарова за време на емисијата на каналот „Соловјов во живо“ на Јутјуб.
Русија најостро ги осуди и обидите на самопрогласената Молдавска Република Придњестровје да се вклучи во развојот на настаните во Украина, соопшти Захарова.
Оцени дека биле дадени шокантни изјави за подготовката на руските мировници, аеродромот во Тираспол, главниот град на самопрогласената Придњестровска Молдавска Република и придњестровската армија за офанзива, пренесе ТАСС.
Додаде дека земјата ќе одговори на понатамошните обиди да ги охрабри украинските вооружени сили да ги напаѓаат руските воени објекти.
„Овој вид криминална акција на украинските вооружени сили против Русија не може да остане без одговор. Би сакале Киев и западните престолнини сериозно да ги сфатат изјавите на нашето Министерство за одбрана дека понатамошните обиди да се охрабри Украина да нападне руски цели дефинитивно ќе предизвикаат остар одговор од Русија“, рече Захарова, а пренесе ТАСС.