Захарова: Ова што се случува во Донбас е геноцид

од Nikola Popovski
239 прегледи

Портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека она што се случува во Донбас е геноцид од страна на Киев.

„И сега западните партнери си дозволуваат да се сомневаат дека ситуацијата таму не е онаква каква што велиме дека е, дека таму нема масовни гробници, дека можеби се лажни вести, дека ситуацијата таму не е како геноцид. Не, тоа навистина не е како геноцид, тоа е геноцид, природен. Можеби не во иста мера како во Африка, но дали треба да работиме со квантитативни параметри ако седум години гинат деца, жени, цивили, кога луѓето не знаат што е мирен живот, кога звукот на граната е нешто сосема нормално за нив?“, изјави Захарова за телевизијата „НТВ“.

Во кампот „Ѕвезда“ во Ростовската област пристигнаа првите бегалци од Донбас, а се очекува да пристигнат и до 400 лица, изјави претставникот на кампот.

Како што претходно беше најавено од самопрогласената Доњецка народна република, евакуацијата која започна во петокот попладне ќе продолжи и во текот на ноќта, а планирано е да бидат евакуирани вкупно 700.000 луѓе.

Слични содржини