Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека има внатрешни конфликти во најтесниот круг на Кремљ, дека се откажале од централизирана контрола врз рускиот информативен простор и дека рускиот претседател Владимир Путин очигледно не може тоа веднаш да го реши.
Во последниот извештај на Институтот за војна (ISW) се наведува дека новинари од Кремљ, академици и поддржувачи на 11-ти март одржале форум за „практичните и технолошките аспекти на информациската и когнитивната војна во модерната реалност“ во Москва.
За време на панел-дискусијата, Захарова изјавила дека Кремљ не може да го повтори сталинистичкиот пристап за воспоставување модерен еквивалент на Советското информативно биро за централна контрола на внатрешниот информативен простор на Русија поради внатрешните борби меѓу неодредените „елити“ на Кремљ.
Изјавата на Захарова е вредна за одбележување и поддржува неколку долгогодишни оценки на ISW за проблемите на режимот во Кремљ и нивната динамика на контрола на информативниот простор.
-Во Кремљ има внатрешни борби меѓу клучните членови на потесниот круг на Путин, а Путин во голема мера го отстапи рускиот информативен простор со текот на времето на различни квази-зависни актери. Во исто време, Путин очигледно не е во состојба да преземе решителна акција за да ја врати контролата врз рускиот информативен простор. Нејасно е зошто Захарова, искусна висока портпаролка, отворено би ги признала овие проблеми во јавноста, пишува ISW.