Захарова: Русија ќе реагира адекватно на литванската блокада

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Русија смета дека Литванија се однесува агресивно и се заканува на сферата на безбедноста на храната со ограничувањата за транзит на стоки во регионот Калининград и дека овие провокации ќе ја принудат Москва да реагира соодветно.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска, за време на директен пренос на ТВ каналот Соловјев во живо, истакна дека не се доведени само во прашање испораките од Русија до териториите на земјите од ЕУ, туку и транзитните испораки преку Европската унија до пристаништата, кои опслужуваат различни делови на светот, според ТАСС.

„Со други зборови, државата на колективниот Запад, земјата-членка на НАТО, земја-членка на сите евроатлантски интеграции, во моментов дополнително ги комплицира работите бидејќи оваа заедница ја обвинува нашата држава, која нема никаква врска со прашањата за безбедноста на храната“, наведува Захарова.

Слични содржини