Захарова: Русија не се заканила со нуклеарно оружје

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека нуклеарното оружје е секојдневна тема на западните режими, но додаде дека руската страна не дала никакви изјави во врска со тоа.

И покрај сите тврдења дека „Русија му се заканува на целиот свет со нуклеарно оружје“, нема официјална изјава од Москва во врска со тоа, ја пренесе ТАСС нејзината изјава за радио „Спутник“.

– Ова го тврдат британската страна, САД, Јапонија и голем број земји-членки на ЕУ. Сепак, не постои ниту една изјава во која официјален руски претставник, државен функционер или политичар директно вклучен во системот на управување на земјата би го кажал ова, да се заканува или дури хипотетички да зборува за тоа – додаде Захарова.

Слични содржини