Литванија ќе се соочи со исклучително остар одговор од Москва, доколку не се нормализира транзитот на стока во Калининградската област, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Внимателно ја следиме ситуацијата. Уште еднаш потврдуваме дека Русија подготвува одмазднички мерки кои ќе бидат болни за Литванија. Тие ќе бидат преземени доколку не се нормализира состојбата со транзитот до Калининград. Се надеваме дека нашите таканаречени партнери на крајот ќе покажат здрав разум“, нагласи Захарова, пренесува ТАСС.