218
Досега не е постигнат никаков конкретен резултат во врска со преговорите за размена на затвореници меѓу Русија и САД, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Прашањето за размена на руски и американски државјани затворени на територијата на двете земји своевремено беше тема на разговор меѓу претседателите на Русија и Америка. Тие дадоа инструкции до надлежните органи за одржување на преговорите и истите се спроведуваат од соодветните агенции. Сепак, се уште нема конкретни резултати – рече Захарова, а пренесе ТАСС.
Таа додаде дека руската страна работи според принципот дека во преговарачкиот процес мора да се земат предвид интересите на двете земји.