Захарова се заканува: Шведска и Финска знаат што ќе се случи ако влезат во НАТО

од Nikola Popovski
209 прегледи

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го коментираше евентуалниот прием на Шведска и Финска во НАТО, велејќи дека Русија ги „издала сите предупредувања“ по ова прашање.

„Издадовме предупредување јавно и преку билатерални канали. Тие знаат за тоа и не треба да бидат изненадени. Тие се информирани за сѐ што ќе доведе до тоа“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 24“, пренесува ТАСС.

Таа рече дека „под покровителство на САД“, Брисел веќе некое време „ги вовлекува Шведска и Финска во своите структури“, додавајќи дека „веќе има“ различни хибридни мерки под маската на вежбите“.

Закани за нуклеарно оружје

Русија неодамна предупреди дека доколку Шведска и Финска се приклучат на НАТО, балтичкиот регион повеќе нема да може да се смета за зона без нуклеарно оружје.

Финска за неколку недели ќе одлучи дали ќе влезе во НАТО, објави минатата недела финската премиерка Сана Марин. Според тамошните медиуми, Шведска во јуни би можела да поднесе барање за влез во Северноатлантската алијанса.

Финска и Шведска веќе тесно соработуваат со НАТО, но нивниот формален пристап во Атлантската алијанса би ја променил безбедносната архитектура на Европа. Меѓу другото, наместо 1.300 километри, НАТО би делел двојно подолга граница со Русија.

Слични содржини