Захарова: Што бараат дипломати на судењето на Навални, тоа е политички потег

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Присуството на странски дипломати на судењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални не е општа практика во дипломатијата и повеќе може да се толкува како политички потег, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Тоа не е нормална пракса. Нормална пракса е странските дипломати да бидат присутни на суд кога им се суди на нивните граѓани или меѓународни терористи или лица кои сториле злосторства во трети земји “, напиша таа на својата Фејсбук страница, пренесе ТАС С.

„Но, кога дипломатите се колективно присутни кога се суди за граѓанин кој не е нивни државјанин, тоа е повеќе политички потег“, истакна Захарова.

Таа исто така потсети дека на руските дипломати не им е секогаш дозволено да присуствуваат на судењата на руски граѓани во западните земји.

Новинар на агенцијата Тасс претходно објави дека на судењето на Навални присуствувале околу 20 странски дипломати, вклучително и дипломати од САД, Бугарија, Полска, Летонија, Австрија и Швајцарија.

Слични содржини