208
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на Телеграм се огласи во врска со одлуката на Шведска да влезе во НАТО. Таа праша зошто не е одржан референдум за тоа во Шведска, истакнувајќи дека има мала јавна поддршка за пристапување во Алијансата.
Захарова тврди дека Шведска е марионета на Соединетите Држави: „Кога сме кај пријателите, забележливо е дека американските сенатори го посетија Стокхолм на денот на таа ‘историска одлука’, и тоа републиканскиот шеф на Сенатот Мич Меконел“.
Таа додаде дека „Шведска сè уште не ни влегла во НАТО, а Американците веќе ѝ диктираат што да му кажат на својот народ“, пренесува „Гардијан“.