Захарова: Шведска и Финска ќе бидат на линијата на фронтот на НАТО

од Берта Китинска
161 прегледи

Руското Министерство за надворешни работи денеска предупреди на „последици“ доколку Финска и Шведска се приклучат на одбранбената алијанса на НАТО.

„Изборот е на властите на Шведска и Финска. „Но, треба да ги разберете последиците од таквиот чекор врз нашите билатерални односи и врз архитектурата на европската безбедност како целина“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров во изјавата.

Таа додаде дека членството на Шведска и Финска во НАТО „малку е веројатно дека ќе придонесе за зајакнување на (нивниот) меѓународен престиж“.

Захарова рече дека политиката на воена неутралност на двете земји „обезбедува сигурно ниво на безбедност“, додека членството во воениот сојуз „не е способно да ја зајакне нивната национална безбедност“.

„Тие автоматски ќе бидат на линијата на фронтот на НАТО“, рече Захарова.

Војната на Русија во Украина предизвика драматичен пресврт во јавното и политичкото мислење и во Финска и во Шведска, кои долго време водеа политика на воена неутралност.

Финска оваа недела соопшти дека ќе одлучи дали ќе поднесе барање за членство во НАТО во рок од неколку недели, а Шведска исто така разговара за пристапување во Алијансата.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во четвртокот предупреди дека Русија ќе распореди нуклеарно оружје во близина на трите балтички држави и Скандинавија доколку Финска или Шведска одлучат да се приклучат на западната воена алијанса.

Захарова пред два дена ја критикуваше и Србија за гласањето во ОН за исфрлање на Русија од Советот за човекови права, тврдејќи дека Русија секогаш ги поддржувала своите пријатели и претпоставува дека тие се залагаат за исти пристапи. Сепак, Захарова го игнорираше фактот дека Руската Федерација ги поддржа санкциите против Југославија во неколку наврати во 1990-тите во Обединетите нации.

Слични содржини