Русија смета дека е неопходно да се започне разговор не за тоа дали ќе започне Третата светска војна, туку како да се спречи, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Дали е можна Третата светска војна, дали можеби веќе започнала и какви форми ќе има, сето тоа се теми за кои многумина зборуваат сега, но би било многу подобро да се зборува за тоа како да се спречи“, рече Захарова на прес-конференција, пренесува ТАС С.
Таа посочила дека Москва со години укажува дека меѓународните закони и Обединетите нации треба да бидат „безбедносна бариера“ против Третата светска војна.
„Откако се создадени по Втората светска војна како гаранција дека нема да се случи Трета светска војна, тие на овој или оној начин ја извршија таа задача“, рекла Захарова.
Според неа, Русија веќе три-четири години ја забележува желбата на целиот Запад да ги укине меѓународните закони и да наметне правило врз основа на нивните правила.
„Ова е крајно опасно, бидејќи подразбира диктатура на група земји кои на тој начин се закануваат да ја нарушат рамнотежата во светот и да ги спречат другите земји да работат во нивни интереси. Секоја земја има право на суверена надворешна и внатрешна политика, да брани нејзините интереси, развој на нејзината економија и заштита на човековите права“, истакнала Захарова.
„Се обидовме, додала таа, на секој можен начин да ја предупредиме глобалната заедница и да укажеме дека диктат на една група не е можен, бидејќи тоа ќе има катастрофални последици“.