Тврдењата на новинската агенција „Блумберг“ дека Русија наводно се обидува да направи измени во мировниот план на САД за Украина се лажни, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Овој таканаречен медиум нема никакви сигурни извори блиски до Кремљ, само несигурни. А фразата што ја употребија, „извор близок до Кремљ“, е само покритие за лажни информации“, рече Захарова.
„Блумберг“ претходно сподели, повикувајќи се на извор близок до Кремљ, дека Москва ќе бара клучни промени во најновиот мировен план на САД за прекин на војната во Украина.