Захарова: Украина не сакаше да го сподели рецептот за супа од цвекло

од Nikola Popovski
308 прегледи

Во денешното обраќање, кое брзо стана вирално, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, навидум пијана, меѓу другото вели дека Украинците ги забраниле рецептите за готвење „бидејќи не сакале да го споделат рецептот за боршч“ (супа од цвекло).

„Дури и рецептите за готвење беа забранети (во Украина). Зошто? Затоа што не сакаа да го споделат рецептот за боршч… Тој мораше да припаѓа само на една нација, на една националност. Не можеа да ја поднесат помислата дека… секоја домаќинка на светот може да го готви на свој начин. Тоа е она за што зборуваме. Ксенофобија, фашизам, екстремизам“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

 

Слични содржини